Иницијатива за заштита на уникатниот рубин
Министерството за енергетика поднесе Иницијатива за заштита на македонскиот рубин. Целта е каменот да добие официјален статус како национално минерално наследство и правна заштита на потеклото, соопшти министерката Сања Божиновска.
Рубин со единствено потекло во Европа
„Сметаме дека рубинот треба да се заштити и од него да направиме бренд по кој ќе бидеме препознатливи“, истакна Божиновска на брифинг со новинарите.
Македонскиот рубин, кој е нус производ од мермерот, засега се продава како дел од накит, а според министерката, со новата иницијатива би можело да се промовира како уникатен природен ресурс од цела Европа.