Русија уништи околу 4.500 станбени згради, 100 компании, 400 образовни институции и 150 медицински установи во Украина, изјави украинскиот министер за комуникации и триторијален развој Олексиј Чернишов.

– Вкупната штета низ целата земја ќе биде проценета по завршувањето на непријателствата и отстранувањето на мините, изјави тој, пренесува Би-Би-Си.

Според прелиминарните проценки, загубите на Украина достигнаа десетици милијарди американски долари, а сумата секојдневно се зголемува.

Во поглед на напорите за реконструкција, владата ги поедностави процедурите за увоз на градежен материјал. Сепак, додава министерот, на секоја реконструкција мора да и претходи расчистување на мини и шут.

Украина се надева дека ќе вклучи домашни и странски специјалисти во напорите за обнова на земјата.