Светски признанија, домашни награди, стипендии, Магазин за успешните луѓе и менаџери-,,Универзитет Скопје” годинава се ребрендираше со ново име и промовира нови медиумски продукти.

По повод Светскиот ден на туризмот, ,,Универзитет Скопје”- како членка на светската туристичка организација UNWTO, со јавноста споделува што се сработи тимот за краток временски период.

Во време на дигитализација и наплив од достапни информации, ,,Универзитет Скопје”почна нов проект за да го врати пишаниот збор во фокус на идните генерации. Магазинот за туризам и менаџмент пренесува успешни животни приказни, кои се пример за инспирација и поттик за новото живеење.

,,Универзитет Скопје”, кој е лидер во високото образование во Македонија, минатиот месец доби и меѓународно признание за најдобар Универзитет во деловното образование и неговото значајно влијание врз обликувањето на следната генерација на бизнис лидери.

На Ректорот на ,,Универзитет Скопје”, проф.д-р Аце Миленковски, му беше доделена титулата „Амбасадор на образованието за 2023. “Универзитетот Скопје изминатата година активно даде подршка за сите амбициозни и талентирани личности да се запишат и да стекнат знаење на една од најдобрите високообразовни институции во земјава. Се стипендираа стотици млади луѓе, талентирани спортисти, а Универзитетот доби награда за општествена одговорност кон младите луѓе.

18 години оваа високообразовна институција нуди одлични услови за студирање, висококвалитетна настава, меѓународно призната диплома. Академскиот кадар од Универзитетот порачува дека успешна кариера младите можат да изградат само со знаење.

По повод Светскиот ден на туризмот, тимот на ,,Универзитетот Скопје” на 26.09 од 18.00 часот со свечен коктел во кампусот на Универзитетот ќе го објави ребрендирањето и сите нови проекти кои се важни за младите луѓе и за општественото живеење.