Дознаваме загрозена е безбедноста на градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.
Ваквата ситуација доаѓа по спроведувањето на рушењето на дивоградба изградена на државно земјиште во Инџиково која беше срушена минатата недела од страна на инспекциските служби на општина Гази Баба.
Како што дознаваме, вчера претпладне во дворот на општина Гази Баба две лица кои според нашите информации се во роднинска врска со лицето кое незаконски го градел објектот подолго време чекале да излезе градоначалникот Стефковски од просториите на општината со цел да се пресметаат со него.
Како што дознаваме закани по животот и безбедноста на градоначалникот Стефковски и лицата вработени во инспекциските служби имало и за време на водењето на целата постапка за дивоградбата.
Официјална потврда од страна на градоначалникот Стефковски и општина Гази Баба до овој момент немаме, но очевидци говорат дека во текот на вчерашниот ден е забележано полициско присуство во дворот на општината.