Синдикатот ќе соопшти конечна одлука до напладне
УПОЗ денеска напладне ќе соопшти дали ја прифаќа понудата на Владата за 8% додатоци на платите или постепено зголемување до 40% до 2028 година.
Претседателот на синдикатот, Дејановски, истакнува дека иако понудата е помала од нивните првични барања, таа е прифатлива. Тој додава дека конечната одлука ќе зависи од мислењето на синдикатите од внатрешноста.
Конфедерацијата прифати дел од понудата
Конфедерацијата на слободни синдикати веќе ја прифатила понудата, која предвидува зголемување на платите на административните службеници во период од 25 до 26 месеци. Овој процес започнува од март годинава и ќе трае до март 2028, со дополнителни годишни покачувања од 8%.
Од КСС посочуваат дека секоја реална можност за подобрување на материјалната состојба на вработените треба да се искористи веднаш.
Владата условува од УПОЗ откажување од општите колективни договори, иако тие не се нивни потписници. Во случај на прифаќање, работниците ќе потпишат нови колективни договори.
Независно од одлуката, УПОЗ останува на барањето за минимална плата од 600 евра и дел од најавените протести.
