УПОЗ потврди средба во Владата за преговори за раст на платите во четврток
Синдикатот на УПОЗ потврди дека во четврток во 16:45 часот ќе се одржи средба со претставници на Владата, на која ќе се разговара за барањата на Синдикатот за финансиско подобрување на вработените во јавната администрација и правосудниот сектор.
Од Синдикатот на УПОЗ истакнуваат дека Владата, според нивното мислење, веднаш по протестот организиран на 28 јануари, им предложила “понуда” за зголемување на платите за работниците во управата и правосудството.
„Нагласуваме дека вработените имаат право на веќе стекнати права утврдени со колективни договори и новото зголемување на платите ќе значи дополнително материјално право, нешто за што Синдикатот на УПОЗ се залага”, се наведува во официјалното соопштение од УПОЗ.
Премиерот Христијан Мицкоски ќе се сретне со претставниците на УПОЗ во четврток попладне
Сребата е закажана за 16:45 часот и следува по понудата од страна на Мицкоски за раст на платите, за која УПОЗ изјави дека е прифатлива и дека дополнително ќе биде разгледана во рамките на синдикалните организации.
Претходно, предлогот на Владата беше позитивно прифатен и од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), предводена од Благоја Ралповски.
Во меѓувреме, продолжуваат преписките на релација Влада – ССМ.
