Москва денеска ја погоди силен ураган, многу улици и метростаницата „Јесенјево“ се под вода, а гром ја погодил трафостаницата во предградието Шчелково.

Поради удар на гром струја немаат 15.000 граѓани, пренесуваат руските медиуми.

Силен ветер урна неколку стебла и билборди, оштетил неколку излози, велат од итната служба за агенцијата Тасс. Метростаницата од безбедносни причини е затворена.

Министерството за вонредни состојби издало предупредување за обилни врнежи, грмотевици и силен ветер, а според прогнозата во Москва се очекува да наврне 70 отсто од месечните врнежи.