Од вчерашните митинзи во Демир Капија, Росоман и Гевгелија, претседателот на СДСМ, Зоран Заев порача дека Обединети – напред е единствениот концепт што во себе го носи капацитетот да го остави режимот во минатото.
Тој вели дека имале храброст да ги решат сите досега отворени прашања, но и покажале дека се патриоти.
Го заштитивме и македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Признаени сме од целиот свет, членка сме на НАТО, европски и економски исправена. Платите и пензиите растат. Сите плати за најмалку 6.000 денари се покачени за четири години, а само во последните шест години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беа 1.740 денари, рече Заев.
Оцени дека ова не е борба само за тоа дали ќе победи СДСМ или ВМРО ДПМНЕ, туку е борба за обезбедување на иднината и правецот по кој ќе се движи државата. Додаде дека се тоа што е реализирано во изминатите четири години наспроти 11-те години под режим претставува јасна разлика меѓу концептите на власта и опозицијата.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека не е важно кој е поддржувач на СДСМ, ДУИ или на ВМРО-ДПМНЕ, туку дека сакаат да им помогнат на сите во развивање на бизнисот и креирањето на нови работни места.
Нема да дозволам во животот додека сум јас претседател на ВМРО-ДПМНЕ некој така да постапува со луѓето. Мојата цел е да излезам со платформа пред граѓаните, изјави Мицкоски во вчерашното гостување во емисија на ТВ Шења.
Тој заклучи дека народот живее лошо и е незадоволен од реалноста. И поддршката што ВМРО-ДПМНЕ ја доби на овие избори, според Мицкоски е реткост за опозиција да добие таква поддршка.