Украинските власти денеска соопштија дека е убиен уште еден руски генерал. Тоа е четврти руски генерал што загинал во Украина.
Советник во Министерството за внатрешни работи на Киев, Антон Герашченко на Телеграм објави украинските сили го убиле рускиот генерал-мајор Олег Митјаев за време на интензивните борби на периферијата на југоисточниот град Мариупол.
Се претпоставува дека околу 20 руски генерали ја предводат инвазијата врз Украина.
Русија се уште не ги коментирала украинските тврдења.