Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 14.01.2022 година повторно регистрираше серија на земјотреси од пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин. Епицентрите се наоѓаат во соседна Република Грција.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата најсилно беше почувствуван земјотресот во 10 часот и 46 минути, со локална Рихтерова магнитуда 3.0 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, од населението во градот Битола и околината.