Спротивно на официјалниот став на партијата дека тројца функционери се исклучени бидејќи бил пресретнат обид за роварење на надворешни структури, координаторка за дијаспора на Левица Живанка Морис, која е една од разрешените за Канал 5 вели дека обвинувањата се апсолутна невистина и се само политички реваншизам..

„ Јас морам да кажам дека во последните две недели сум изненадена од нивното јавно соопштение зошто се невистини затоа се решив да излезам јавно и да кажам дека не е точно и јавно да ги повикам дека сум инфилтрирана од ДПМНЕ и ДПМНЕ да се произнесе кога сум седнала јас Живанка од Стојаково со нивното раководство за да произнесувам ствари од Левица. //// Расколот во Левица почна од септември лани, сето тоа почна со морам да го напоменам пратеникот Крмов со другите кртови во партијата работат позади грб за нивното столче партиско политичко. “-Живанка Морис.

Морис вели дека е разрешена откако согласно статуот собрала една четвртина од потписите на членовите на ЦК за свикување на вонредна седница на која ќе се побараат одговор од раководството зошто Бранко Ристов, претседател на Советот на Општина Карпош, бил разрешен од позицијата координатор на ИЕ 4, и тоа во пресрет на изборите..

Ристов во меѓувреме соопшти дека поднесува оставка од президиумот на Левица, неколку дена откако и неговиот сопартиец, Дарко Масларковски, советник во Општина Аеродром изјави дека не е веќе член на Левица и дека ќе делува како независен советник.

„ Нема координација ниту со Масларовски ниту со друг кој излегува по своја волја од партијата разочарани од апсолутизмот на Апасиев не од Левица партијата, таму се врти некоја друга игра. Граѓаните сами ќе се уверат не е по циркуларки кои кружат поддржете не плукајте по постови и така натаму. “-Живанка Морис.

Од Левица утрово преку соопштение порачаа дека Ристов, Морис и Масларковски биле разрешени за да расчистат со како што пишуваат, опортунистичкиот џган во нивните редови.. Секој обид за на непринципиелно и клиентелистичко делување ќе биде јакобински сосечен во корен, стои во соопштението на партијата.

Извор: Kanal5