Мами Мичел, помошничка-режисерка на филмот „’Рѓа“ (Rust), на којшто беше убиена снимателката Халина Хачинс, е вториот член од тимот на филмот кој поднесе тужба против Болдвин и продуцентите. Мичел, која повикала брза помош веднаш по несреќата, изјавила дека страда од емоционален шок и други проблеми.
– Настаните што доведоа до истрелот на г-н Болдвин не се резултат на едноставно невнимание, изјави адвокатката на Мичел пред новинарите во Лос Анџелес. – Напротив, мислиме дека г-н Болдвин избрал да игра руски рулет ракувајќи со оружјето, без да го провери, рече таа.
Тужителите сметаат оти неговото однесување и она на продуцентите на „’Рѓа“ било опасно.