Грчката полиција уапсила уште пет хрватски хулигани кои учествуваа во тепачаката меѓу навивачките групи на фудбалските клубови „АЕК“ и „Динамо“, во која загина едно лице а повеќе се повредени, пренесува Телма.
Според информациите од грчките медиуми тое се обиделе да ја напуштат земјата со брод кој патувал за Италија.
Сепак биле спречени во обидот по што биле сослуш тврди ЕРТ, но биле фатени и однесени во полициска станица, каде што биле сослушани, а потоа префрлени во Атина.
Вчера во Какавија е уапсен и 19-годишен Хрват кој со автобус се обидувал да замине од Грција за Тирана.
По вчерашните навивачки немири во кои едно лице загина, а осум беа повредени, полицијата постави блокади низ цела Грција, особено на излезите од земјата, за да ги уапси сите инволвирани во наведените крвави инциденти.
УЕФА го одложи натпреварот, па хрватскиот шампион ќе биде на терен следната недела.
Првиот натпревар се игра на 15 август во Загреб од 20 часот, а реваншот е закажан три дена подоцна.