Утрово во 6:30 е вклучен блок 1 во РЕК Битола, откако по вчерашниот пожар беа исклучени сите блокови, а според информациите на ТВ24, Македонија влечела струја од Европската мрежа.

Според информациите од енерегетските компании на ТВ24, блокот 3 се уште не е вклучен, а вториот блок е во ремонт, кој се очекува да заврши во понеделник.

Според  информациите, со третиот блок имало проблем со трансформаторот.

Иако еден блок, според информациите од енергетските компании, е во полн капацитет на мрежа, сепак земјава се уште влече струја од Европската мрежа.

Иако, како што брифираат, тоа не е големо количество поради топлото време.

Оваа струја се влече само во вонредни ситуации, а цената е висока.

Европската мрежа повеќе пати досега ја предупреди Македонија за земање струја без предупредување, бидејќи земјава има дисбаланс меѓу производството и потрошувачката.