Јавниот увид во Избирачкиот список може да се направи во подрачните единици и канцеларии на Државната изборна комисија и електронски преку веб страната на ДИК.

До 1 септември вкупно 10 724 лица се провериле во Избирачкиот список.

– Поднесени се вкупно 27 барања за запишување во Избирачкиот список, 23 барање за бришење на податоците од Избирачкиот список и 15 барања за измена на податоците во Избирачкиот список, посочија од ДИК. Исто така, до ДИК на е-маил адресата upisis@sec.mk се поднесени вкупно 35 барања.

Истовремено тече рокот и за пријавување на набљудувачи на локаните избори.

Иако кампањата не е започната потенцијалните и најавени учесници на изборите ги започнаа своите активности како на терен меѓу граѓаните така и на социјалните мрежи. Партиите деновиве треба да ги соопштат преостанатите кандидати за градоначалници и за советници за локалните избори. Тие најавуваат позитивни кампањи, но продолжуваат меѓусебните обвинувања.