Се зголемува бројката на Македонци по институциите

Министерот за јавна администрација Горан Минчев уште на почетокот на неговиот мандат го укина контроверзниот балансер. Уставниот суд на иста релација со министерот. Сега, со промената се зголемува бројката на Македонци во јавната админситрација, а се намалува бројката на вработени Албанци.

Се зголемува процентот на Македонците, а се намалуваат Албанците: Минчев го укинува контроверзниот балансер

Стручноста и компетентноста на прво место

Вработувања по етнички клуч повеќе ќе нема. Услов за добивање на работно место во јавниот сектор ќе биде стручноста и компетентноста. Уставниот суд го укина „балансерот“. Одлуката е донесена со мнозинство гласови и нема да важи ретроактивно.

Костадиновски категоричен: Не се прекршени правата

Претседателот на Судот Костадиновски вели оти алатката ги крши уставните начела за слобода на изразување на националната припадност, достапноста до работно место и забрана за дискриминација. Костадиновски смета дека не се прекршени ничии права и побара одлуката да не се политизира и етнизира. Според него, нечуено е да се тврди дека Уставниот суд посакува дестабилизација на државата.

Укинувањето на „балансерот“ следува откако на 18-ти септември Судот отвори предмет и ја замрзна неговата употреба се до носење на конечната одлука.