Иницијативата за оценување на уставноста ја поведе Уставниот суд на седница одржана на 21 април 2021 година, според кој побарувањата на Фондот осигурување на депозити врз основа на исплати на осигурени депозити се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители. Судот изрази сомнеж за уставноста на оспорената законска одредба.

Иницијативата до Уставниот суд ја поднесе Здружението на оштетени физички и правни лица од Еуростандард банка „Правда за штедачи”, според кои сите штедачи треба да бидат третирано еднакво и тие со штеден влог до 30.000 евра и тие што имале над 30.000 евра, но и фирмите, кои во домашните закони не се заштитени со минимална сума при пропаѓање на банка.

Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка „Правда за штедачи”, оцени дека денеска Уставниот суд донесе позитивна мериторна одлука.