Судиите во Уставниот суд на денешната седница го усогласиле ставот дека со пресудите на пониските судови му се повредни правата на новинарот од неделникот Фокус, Влатко Стојановски, сторени за време на „27 април“.
Тој поднел предмет до Уставниот суд, да се утврди дали му се повредени уставно загарантираните слободи и права, кои според, него се направени со пресуди на Основниот граѓани суд и Апелациониот суд Скопје.
На 27 април 2017 година, новинарите беа спречени да ја извршуваат својата работа во Собранието, откако во институцијата беше извршен насилен упад од демонстранти, кои протестираат против избор на нова влада. Новинарите кои тужеа, потоа изгубија на суд.
Предметот ќе биде повторно ставен на дневен ред на некоја од наредните седници.