Уставниот суд денеска ќе одржи седница на која ќе отвори дискусија и ќе разгледа четири иницијативи.
Според објавениот дневен ред, првата иницијатива која ќе биде разгледана е поднесена од лицето Миле Бундовски од Скопје, во врска член 28 став 8 од Законот за заштита на населението од заразни болести, член 13 точка 11 од Одлуката за превентивни препораки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразни болести Ковид-19.
Следна иницијатива која ќе биде разгледана на ова седница надоврзена со Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година.
Останатите две иницијативи се за Законот за Фондот за осигурување на депозити поднесен од физичко лице и за Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи поднесен од Синдикат на полиција во Македонија -Скопје.