Без струја утре во одредени временски периоди ќе останат делови од Бутел, Гази Баба и Кисела Вода.
Регионалниот центар за управување со кризи соопшти дека од 08:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат жителите на улиците 30 и Љуботенски пат во општина Бутел, а од 9 до 11:30 часот корисниците лоцирани во просториите на „Стаклара” и објектот на ресторанот „Градина” и „Сардоникс” во општина Кисела Вода.
Во периодот од 09:15 до 11:45 часот без електрична енергија ќе останат жителите од улиците „Боро Тодоровиќ”, „Миодраг Илиќ”, „Интернационални Бригади” и улицата 158, како и дел од корисниците од улицата 519 и објектите на „Механика” и „Автогума” во Гази Баба. Од 11:45 до 14 часот без струја ќе бидат и објектот на „Автокаросерија” и корисниците од улицата 516 во општина Гази Баба.