Од ЕВН Македонија АД известуваат дека во понеделник поради планирани прекини во дистрибутивниот систем за електрична енергија без напојување ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од село Ласкарци (општина Сарај);
– во период од 08:30 до 15:00 часот дел од ул. Антон Попов, ул. Фрушкогорска, дел од ул. Христифор Жефаровиќ (општина Гази Баба);
– во период од 09:00 до 13:00 часот дел од објектите во потег од џамијата до општината, ул. 2 во Студеничани;
– во период од 09:00 до 14:00 часот дел од ул.23 и дел од ул. Христо Татарчев во делот од ул. 23 до новиот кружен тек кон сончев град (општина Кисела Вода и Сопиште).