Делови на Куманово во текот на утрешниот ден привремено ќе останат без струја во одредени интервали од денот.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, утре во период од 08:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од Стара Кланица, улицата „Анѓа Ранковиќ“, Багрем бања, населбата Перо Чичо – дел од „Веселин Маслеша“, „Трајко Прокопиев“, „Руѓер Бошковиќ“, „6ти Април“, како и населбите Ајдучка чешма, Иго Тричковиќ, Пуковско и Карпош (до индустриски дел).
Прекини во период од 08:00 до 14:00 часот се најавени за селата Горно Којнаре и Табановце.
Во текот на денешниот дне пак во период од 09:00 до 14:00 часот без електрично напојување ќе останат Железничката станица во Романовце и жителите на селото Брзак.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.