Поради промена на затварач од ф-80 милиметри и воздушен вентил од ф-80 милиметри на улица „Петко Јанчевски“ број 62,утре без вода ќе бидат дел од корисниците од улицата во скопската населба Радишани.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот и ќе трае се до завршување на активностите.