На 7 август 2025 година (четврток), дел од општина Карпош ќе остане без вода поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. „Драгиша Мишовиќ“ бр. 7. Без вода ќе бидат корисниците од улиците „Драгиша Мишовиќ“, „Роберт Кох“ и „Трифун Пановски“, како и оние од ул. „Бледски Договор“ лоцирани на потегот од бул. „Илинден“ до ул. „Карпошево Востание“.
Прекинот започнува од 09:00 часот и ќе трае се до целосно отстранување на дефектот, соопшти ЈП Водовод и Канализација.