Претседателот на Собранието Талат Џафери, на денешната 86-та собраниска седница информираше дека утре и в понеделник во Собрание ќе се спроведе техничка контрола на ИТ инфраструктурата, со оглед на трендот на можни кибер напади.

Тој наведе дека експерти со цел превенција ќе вршат проверка на ИТ системот.