Министерството за внатрешни работи информира дека утре и задутре ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

Министерството за внатрешни работи информира дека утре и задутре ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје поради официјална посета на нашата држава на претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентон.

Од СВР Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.