Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре и задутре, во раните утрински часови, ќе се реализира третата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци.
– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, соопштуваат од Град Скопје.
Од локалната самоуправа апелираат до пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.