Сепак, од партијата не се открива дали ќе биде разгледана оставката на Зоран Заев од лидерската позиција, додека пак на прашањето околу тоа што ќе биде на дневен ред на Централниот одбор, од СДСМ кусо одговориле дека тоа ќе биде „актуелната политичка ситуација“.

Инаку, според Статутот на СДСМ, Централниот одбор распишува вонредни избори за претседател, во случај актуелниот претседател да поднесе оставка.