Централното подрачје ќе биде делумно затворено

Поради утрешната посета на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во централното подрачје на Скопје ќе се воведат привремени сообраќајни ограничувања. Градските улици ќе бидат делумно затворени, а пристапот ќе се регулира според безбедносните протоколи.

Граѓаните да го следат полицискиот режим

Од СВР Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги следат насоките на полициските службеници и да се придржуваат до привремените мерки, за да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот за време на високата посета.