Министерството за внатрешни работи информира дека утре, вторник, (28.03.2023), поради најавено одржување на мирен протест, со почеток во 12.00 часот на бул.„Илинден“ полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајнцата каде што ќе се одвива протестот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.