Утре последно збогување со Панчо од ДНК – Погребот ќе се одржи во црквата „Св. Илија“ и на гробиштата во Бутел
Македонската јавност утре ќе му оддаде последна почит на музичарот Владимир Блажев – Панчо од дуото ДНК, кој почина на 46-годишна возраст по седуммесечна борба со последиците од трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“.
Семејството соопшти дека погребната церемонија ќе се одржи на 16 октомври 2025 година. Телото на Панчо ќе биде изложено во црквата „Св. Илија“ во Аеродром, каде што ќе започне молитвениот чин со Заупокоена Литургија во 9 часот.
Молитвен чин и изразување сочувство – последно збогување со Панчо од ДНК
Граѓаните, пријателите и почитувачите на ликот и делото на Панчо ќе можат да изразат сочувство во периодот од 10 до 12 часот, додека Опелото ќе започне во 12 часот.
„Последен поздрав! На ден 16.10.2025 година, неговите ближни, роднини и пријатели ќе можат молитвено да се збогуваат со Владимир Блажев – Панчо“, напиша неговата сопруга Маја на социјалните мрежи.
Погребот во 13:30 часот на Градските гробишта во Бутел
Погребот ќе се одржи во 13:30 часот на Градските гробишта во Бутел. Со ова Македонија ќе се прости од еден од најомилените музичари, чиј живот и кариера оставија длабока трага на домашната сцена.
Извор: Слободен Печат