Од ЕВН Македонија известуваат дека поради планирани технички зафати во електросистемот, утре без електрична енергија ќе останат корисници во неколку скопски општини.
Општина Гази Баба и Илинден
Термин: 07:30 – 15:30 часот
- Дел од ул. „Жан Жорес“;
- Рии Кафе во Илинден;
- Објектите на „Дени Интернационал“;
- Фабриката „Кромберт и Шуберт“ во Илинден;
- „Делта Комерц“;
- Дел од населбата Хиподром.
Општина Центар (Долг прекин)
Термин: 09:00 – 17:00 часот
- Дел од ул. „Костурски Херои“ (во близина на Католичка црква);
- Дел од бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ (кај АМСМ);
- Дел од ул. „Св. Кирил и Методиј“ (кај АМСМ).
Општина Карпош и Момин Поток
Термин: 08:15 – 14:00 часот
- Дел од бул. „Никола Карев“ (кај Мулти Бренд);
- Објектите на „Стоп & Го“;
- Момин Поток (во близина на Рибокомерц).
Драчево
Термин: 09:00 – 12:00 часот
- Дел од ул. „Ваташа“.
