Времето утре ќе биде облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека локално, особено во јужните делови, во текот на ноќва и утре врнежите ќе бидат пообилни, над 35 литри на метар квадратен, а на планините снежната покривка ќе се зголеми.
В петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од недела ќе има локални врнежи од дожд.