Синдикатот на Клинички центар на денешниот состанок на Извршен одбор донесе одлука утре од 10 до 10:30 часот да одржи протест, дознава Слободен печат од извори во Синдикатот.
Според нашите неофицијални информации гневот е насочен и кон Министерството за финансии затоа што оневозможило да им се покачат платите на медицинските сестри за 3000 денари. Услов што им беше ветен за да прекинат да штрајкуваат на крај на 2022 година.
Дополнително, штрајкот е и поради незадоволството од незаконското доцнење на платите.
Фондот за здравство за утре најави брифинг за новинарите, но не прецизираше време. Системот на ФЗОМ беше хакиран и онеспособен две недели, а уште нема детали за тоа дали дата базите се украдени, имало ли резерва на податоците, колку биткоини барале хакерите за да го онеспособат и дали ФЗОМ моментално функционира благодарение на други бази како УЈП и Мој термин.