Избирачките одбори и Општинските изборни комисии ќе им обезбедат непречена работа на медиумите и медиумските работници кои сакаат да проследат гласањето на избирачките места. Секако со почитување на неколку основни правила, за изборниот процес да тече нормално и непречено, согласно утврдените критериуми и стандарди.

Првите внатрепартиски избори ќе бидат целосно безбедни по здравјето на сите.

Преземени се сите неопходни мерки за уредување на гласачките места согласно со препораките за здравствена заштита од КОВИД 19 а целиот изборен процес на денот на гласањето ќе се одвива по строго утврдени протоколи за заштита од коронавирусот.

Изборите ги спроведува Централна изборна комисија во сите 80 општински ораганизации. Има 80 Општински изборни комиси и 237 Избирачки одбори, а изборите ќе се спроведат на исто толку Избирачки Места.

Сите информации поврзани со изборниот процес за првите директни внатрепартиски избори се достапни на официјалната интеренет страница на СДСМ, стои во соопштенито од СДСМ.