Денеска е последен ден од мерката за замрзнати цени на основните прехранбени производи, од утре се замрзнуваат трговските маржи.

Со новата мерка се ограничуваат трговската заработувачка во трговијата на големо да биде 5 отсто, додека во малопродажбата највисоката заработувачка на овие производи може да изнесува 10 отсто.

Ова, според властите, ќе придонесе да не доаѓа до раст на цените. Мерката ќе важи до крајот на мај.