Повремени врнежи и слаб до умерен југоисточен ветер
Утрешниот ден ќе донесе променливо облачно време со повремени врнежи од снег низ поголемиот дел од земјата. Најобилни ќе бидат во западните региони, а на планините и повисоките места снежната покривка може да се зголеми до 25 сантиметри. Се очекува слаб до умерен југоисточен ветер, а температурите ќе се движат од -8 до 6 степени.
Скопје: Повремени врнежи и ниски температури
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од снег, најчесто со слаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Најниската температура ќе достигне -6 степени, а дневната ќе се искачи до 2 степени.
Во наредните денови се очекува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите. До сабота времето ќе биде претежно стабилно, а во некои котлини може да се појави магла. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег.
