Месечната мерка „училишната кошничка“ со која цените на училишниот прибор ќе бидат намалени за најмалку 10 % на големо и 15 % на мало

Од утре стартува училишната кошничка. Со неа речиси целиот училишен прибор ќе има пониски цени – најмалку 10 % во големопродажба и 15 % во малопродажба. Мерката  ќе трае еден месец, односно до 15 септември. Трговците се обврзани, покрај новата пониска цена, да ја прикажат и старата цена што важела на 1 јуни. Таа ќе се смета за базична при пресметување на намалувањето.

Сите што нема да ја почитуваат мерката училишната кошничка може да се соочат со парични казни до 10 илјади евра.

„Секоја книжара или пункт каде што се продава училишен прибор ќе бидат задолжени да истаканат лепенки со логото Помалку трошоци повеќе за тебе, со старата и новата цена. Инаку контролата ќе ја води ДПИ и да напоменам дека непочитувањето на овие мерки ќе бидат санкционирани со опомена но и со казни кои ќе бидат од 800 до 10 илјади евра зависно од големината на продажното место“, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.

Според надлежните, со училишната кошничка едно семејство со еден ученик ќе заштеди од 1 000 до 2 000 денари. Семејствата со две деца што од 1 септември ќе тргнат на училиште би можеле да заштедат од 3 000 до 4 000 денари.

„Ако имаме предвид дека минатата година со ограничување на профитната маржа од 5 и 10 % на продажните цени на училишниот прибор на големо и мало, сега имаме 10 и 15 % на цените земени од 1 јуни, така што споредбено со лани кога заштедата била од 750 до 2 000 денари, сега очекуваме заштедата да биде тука некаде. Негде би било од 1 000 до 2 000 денари по ученик, доколку едно семејство има два ученици би било некаде од 3 000 до 4 000 денари“, додаде Ристески, истакнувајќи дека училишната кошничка е насочена кон олеснување на семејниот буџет.

Од утре стартува училишната кошничка. Опфатени ќе бидат опфатени ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, дрвени и мрсни боици, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери, маркери, темперни, акрилни и водени бои, четки, линијари, дидактички материјали, острилки, гуми за бришење, детски ножици, лепило, шестар, дигитрон и папки.

Извор: Канал 5