Во контролата биле откриени и законски санкционирани 20 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место.

– Од нив три пречекорувања биле за над 70 километри на час, а 11 до 70 километри на час. При контролата, исто така, се санкционирани и 20 пречекорувања во населено место. Четири од нив биле до 50 километри на час, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со парични глоби кои за овој вид прекршок се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност, а екстремно пребрзите ги очекува и заштитна мерка-времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година.