Полицијата од утринава врши серија претреси на повеќе локации во објекти на лица за кои постојат сомнежи дека се дел од скандалот Онкологија, неофицијално дознава “Фокус”.

Според  информациите на медиумот , претресите се прават во домовите на лицата за кои постојат сомнежи дека учестувале во злоупотребите на Клиниката за онкологија. Има и уапсени лекари.

Пред неколку месеци “Фокус” направи серијал истражувања на темата, по што во септември по нашите написи од Единица за Економски криминал и јавен обвинител упаднаа на клиниката, од каде земаа компјутери и куп медицински истории, со што започна предистражна постапка.