До 7 часот утрово, во земјава се евидентирани 16 пожари на отворен простор. Активен е само еден – во Општина Македонски Брод во „Јасен“, а еден пожар, меѓу селата Челопеци и Миокази во кичевско, е ставен под контрола.

Останатите 14 пожари се изгаснати.

Инаку, Владата го зголеми капацитетот за справување со пожарите. Од претходната недела вработени се нови доброволци со ангажман.