Повеќе пожари сѐ уште се активни на територија на државава од кои најзагрижувачки е пожарот на планината Серта. Државата веќе четири дена е во кризна состојба, а воведена е и целосна забрана за движење во шумите од 6 до 20 часот. Во гаснењето вклучени се и воздухоплови од Турција, Србија, Хрватска, Црна Гора, а вчера и Европската комисија донесе одлука да мобилизира помош за Северна Македонија и Бугарија за гаснење на шумските пожари.
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов утрово соопшти дека напланината Серта во неготинскиот дел кај селото Калањево гаснат 4 хелихоптери, 2 армиски, еден полициски и еден црногорски хелихоптер. На Серта кај селото Драгоево ќе гасат и трите македонски ер-трактори, двата турски и хрватскиот канадер.
На територијата на Општина Гевгелија над селото Негорци се испратени 2 словенечки хелихоптери, додека во Општина Ново Село на планинатат Ограждеен е испратен еден голем турски и еден голем српски хелихоптер.
На терен се и голем број на противпожарни единици, 100 војници и 30 полицајци. За денеска најавено е и слетувањето на романскиот авион „херкулес“ кој ќе делува со водни бомби. Зедно со него ќе слета уште еден авион како логистика.
Според Центарот за управување со кризи во последното деноноќие имало вкупно 36 пожари на отворено, од кои утрово активни се 18.
Опшина Неготино во атарот на с. Калањево-Планина Серта (ниска вегетација и шума)
Општина Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце, м.в.Хаџи Реџепли (ниска вегетација и грмушки)
Општина Ново Село над с. Бадилен (борова шума)
Општина Чашка, селата Дреново и Долно Јаболчиште (мешовита шума)
Општина Чашка, с. Габровник (префрлен пожаро од с.Слепче, Општина Долнени)
Општина Долнени с. Слепче и с. Гостиражни гори ниска и сува вегетација (трева и нискостеблесто)
Општина Гевгелија, помеѓу с. Негорци и с.Кованец (даб,смрека,прнар, сува трева).
Општина Студеничани, Бегово поле (Ниска вегетација и Мешена шума);
Општина Зелениково, помеѓу Долно Јаболчиште и Дејковец (Мешана шума)
Општина Радовиш, Горни и Дилни Липовиќ (Ниско стеблесна и борова шума);
Општина Битола, Гермаски гробишта нас.Баир (Ниска вегетација и шума);
Општина Делчево, (депонија)
Општина Липково, с. Ваксинце и с. Слупчане (сува трева и ниска вегетација)