Утрово делови од земјата се разбудија под магла, но во текот на денот времето ќе се разведри. Очекувајте сончеви периоди со умерена облачност и слаб југоисточен ветер. Минималните температури ќе се движат од -1 до 6, а дневните ќе достигнат меѓу 18 и 23 Целзиусови степени.

Сончево и тивко во Скопје

Во главниот град претпладне можно е краткотрајно задржување на магла во пониските делови од котлината, но подоцна ќе преовладува сончево време. Ќе дува слаб ветер од југоисток, со температури од утрински 4 до дневни 20 степени.

Промена од понеделник

Од УХМР најавуваат стабилни и суви услови и утре, со можност за утринска магла во котлините. Но, од понеделник попладне се очекуваат локални врнежи од дожд кои ќе продолжат и во вторник, а на места ќе бидат пообилни. Ќе се засили северниот ветер и ќе донесе заладување за неколку степени. Од среда повторно ќе преовладува стабилно и суво време.