Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 степени.
По него следуваат и Берово и Крушево со -3 степени, -2 степени во Прилеп, Маврови Анови, -1 степен во Охрид, Претор, Битола, 0 степени се измерени во Крива Паланка, Тетово, 1 степен во Скопје-Петровец, Демир Капија, Виница, Дебар, 2 степени во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Куманово.
Нашто потопло било во Дојран каде се измерени 5 степени и Гевгелија 6 степени.
Најмногу пак врнело во Крива Паланка и Виница каде се измерени 8 l/m2, 6 l/m2 во Прилеп, Берово, Попова Шапка, 5 l/m2 Куманово, 4 l/m2 Штип, Дојран, Ѓуриште, 3 l/m2 Демир Капија, 2 l/m2 Претор, Битола, Тополчани, 1 l/m2 Скопје-Петровец, Дебар, Крушево.
Снежна покривка од 12 см има на Попова Шапка.
Во текот на ноќта и утрово беше променливо облачно време со слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец.
Времето денеска исто променливо облачно и студено со повремени слаби локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на некои од повисоките места и на планините врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 2 до 10 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, а на повисоките делови од котлината ќе има услови за повремен слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 5 степени.