Подобрување на квалитетот на воздухот по загадениот викенд
Утрово е забележано подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје, по викендот кога главниот град се најде меѓу првите три најзагадени градови во Европа, а Македонија беше меѓу првите десет држави со најзагаден воздух.
Мерните станици покажуваат далеку помалку загадување
Според податоците од мерните станици, утринава повеќето од нив светат зелено, што укажува на незначително загадување и вредности во рамки на дозволеното. Ниско ниво на загаденост е регистрирано во неколку делови од градот.
Карпош, Аеродром и Центар со подобра состојба
Подобрен квалитет на воздухот е евидентиран во населбите Карпош 4, Карпош 1, Тафталиџе 1, Аеродром и Центар. Исклучок претставува мерната станица на Водно, која утрово покажува високо ниво на загадување.
