– Утрово во земјава се измерени температури над нулата и тоа еден степен на Попова Шапка, 3 во Лазарополе, 4 Маврови Анови, 5 Крушево, 7 Претор, 8 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Охрид, Битола, Дебар, Куманово, 9 Крива Паланка, Прилеп, Берово, 10 Скопје-Петровец, 12 Демир Капија, Виница, Струмица, Гевгелија, Дојран и 14 степени во Штип.

Во изминатите 24 часа до 7 часот утрово најмногу воден талог е регистриран на Попова Шапка, 61 литар на метар квадратен. Следат Пожаране со 40 л/м2, 37 Тетово, Куманово, 34 Дебар, 30 Маврови Анови, Лазарополе, 21 Скопје-Петровец, 18 Претор, 14 Охрид, 13 Крушево, 11 Скопје-Зајчев Рид, 7 Штип, Берово, 6 Крива Паланка, Виница, Гевгелија, 5 Битола, Прилеп, Струмица, Дојран, 4 Тополчани, Ѓуриште и 1 л/м2 во Демир Капија.