СВР-Битола попладнево соопшти дека е утврден идентитетот на лицето кое го загуби животот во пожар што се случи на висококатница во Битола.
Станува збор за битолчанецот Ј.Ј. (93 г.) кој живеел во зградата на 12 кат во стан на Булевар „1-ви Мај“ во Битола.
-Утрово во 04.46 часот во СВР Битола беше пријавено дека настанал пожар во стан булевар „1-ви Мај“ во Битола. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола. Притоа, со повреди се здобил и починал Ј.Ј. (93) од Битола, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле екипа од СВР Битола и јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, соопштија од СВР-Битола.