Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе оди во посета на Кичево каде ќе изврши увид во инфраструктурни проекти.

Владината прес-служба информира дека Мицкоски ќе направи увид во реконструкцијата на спортската сала „Јанчица“ и на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, а ќе го посети и селото Србица каде исто така ќе направи увид во реконструкцијата на улица.