-Во избирачкиот список до вчера се провериле вкупно 11788 лица, соопшти ДИК. Поднесени се 46 барања за запишување во избирачкиот список, 28 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 22 барања за измена на податоците.
Постапката за јавен увид во избирачкиот список ќе трае до 9 септември 2021 година, а до Државната изборна комисија, на е-маил адресата upisis@sec.mk се поднесени вкупно 36 барања.