Куче го нападна и го уби својот сопственик во Софија, објави бугарската „Нова.тв“. Трагедијата се случила вчера околу 15 часот.
Жртвата е 48-годишен човек. Попладнево неговите роднини го нашле телото и повикале екипа на Итната медицинска помош. Медицинските лица првично не можеле да дојдат до човекот поради кучето, а потоа само ја констатирале смртта на мажот. Соседите раскажуваат дека тој најчесто го чувал своето куче во дворот и тоа често правело проблеми. Сепак, тие се плашеле од миленикот. Роднините на мажот велат дека мажот можеби се онесвестил, а потоа кучето го нападнало. Немил настан каде куче искаса дете до смрт неодамна имаше и во Скопје.